Header Ads

Глорија подготвува изненадување за слушателите на народната музика


Големата бугарска пејачка Глорија или како што многумина ја нарекуваат Дивата на попфолкот, покрај подготовката на својот нов музички попфолк албум кој ќе се најди во продажба наскоро, ексклузивно ви откриваме дека утре (15.08) во 12:00 часот во ефирот на “Планета HD”, во 13:00 часот по “Планета” и во 21:30 часот по “Планета Фолк”, како и во официјалниот канал Planeta Folk Official, премиера ќе направат три нови народни песни - “Лудо младо” ,”Ангеле - Дяволе” и “Любовта не е играчка” .

Песната “Лудо младо”, слушателите на овој вид на музика ќе имаат можност да ја слушнат во изведба на познатата пејачка, а е дело на Атанас Бојаджиев и Богомил Гудев, со аранжман на Светослав Лобошки.
Втората песна “Ангеле – Дяволе“ е по музика на Глорија и Димитар Петров, со текст на самата изведувачка и Мариета Ангелова.

„Луда сум по “Любовта не е играчка”, една много убава песна со македонски – српски звук. Музиката е мојата, аранжманот повторно е на Димитар Петров, со текст на Катерина Кирјанова од нејзината нова стихозбирка“- изјави таа за нас.

Трите видеоспотови кои публиката ќе има можност да ги види премиерно утре, се снимани во месец мај во град Велинград- Бугарија, од страна на режисерот Ивајло Спасов, а дали Дивата на попфолкот ќе не изненади и со нов народен албум, после успехот на албумот „Пътеки“ останува да видиме.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.