Header Ads

(Видео) Борис Дали стана „Милионер“


Без сомневање Борис Дали  е еден од бугарските изведувачи кои со своите песни ги освои срцата на публиката, градејќи зад себе успешна кариера, пред сѐ со својот талент кој многупати е признаван од страна  на негови колеги, но и од публиката. Самиот тој признава дека одамна ја избрал музиката за своја професија и верува дека со време ќе успее да ги  реализира сите свои цели.

Имено, во новиот музички проект кој го претстави пред неколку дена по телевизија Планета „Милионер“, Борис Дали успеа да реализира уште една своја желба. Видеоспот кој е дело на режисерот Људмил Иларионов-Љуси претставува мини филм и поблиску ни го претставува Дивиот Запад. За реализацијата на спотот, се приклучија многи роднини и пријатели од кои и неговиот брат и татко, а песната е дело на композиторот Даниел Ганев, додека пак текстот е дело на поетесата Петја Радева.
„Станува збор за една помелодична песна од еден композитор, а и има многу забавен, весел текст. Исто така, неколку проекти чекаат да бидат дореализирани, меѓу кои и една балада за која имам преубава мелодија, но сега и барам текст кој ќе ја долови нејзината суштина“ – ни откри Борис Дали ексклузивно за нас.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.