(Интервју) Соња Немска: „Имам желба да направам солистички концерт“
Попфолк дивата Соња Немска е нашата првата гостинка овој
викенд, по повод 4-тиот роденден на нашиот сајт. Позната бугарска пејачка, која го фокусира вниманието
на публиката кон себе си пред повеќе од десет години со песната "В сряда
се приготви", отворено зборува во интервјуто кое ни го даде дали планира
да направи продолжение на оваа балада која ја направи позната преку ноќ, подготвува
ли нови музички проекти, до каде е со реализацијата на својот трет музички
албум, како и уште многу интересни детали сврзани околу нејзината кариера.
Здраво Соња. За мене е вистинско задоволство што ја
прифати мојата покана за да бидеш моја гостинка, затоа што си добро позната на
македонската публика која те очекува со нетрпение да дојдеш тука и да направиш
еден незаборавен концерт. Пред многу години го насочи целото внимание кон тебе
со видеоспотот "В сряда се приготви". Би ли направила продолжение на
оваа песна?
Навистина баладата "В сряда се приготви" ми е
најубавата и најуспешната песна до овој момент во мојата кариера. Едноставно
можам да кажам, дека оваа песна е толку добра и поставена на едно високо ниво,
што и самата јас низ годините не можев да ја надминам. Да, би се осмелила да
направам продолжение на оваа песна, но едноставно не можам да кажам кога. Со
сигурност, со текот на годините ќе правам уште балади, затоа што фановите многу
ми ги сакаат и бараат такви песни од мене.
Како се чуствуваш после сите убави песни кои ги направи
последниве неколку месеци? Задоволна ли си од успехот на парчето „Тя е Топ“?
Задоволна сум од проектот кој го претставив и се гордеам
со него, едноставно и со самата песна „Тя е Топ“. Песната и видеоспотот кон неа се
толку квалитетни што можеби очекував од нив малку голем успех, но колку што знам се врти веќе
по клубовите, а на моите фанови, пријатели и колеги многу им се допаѓа и дури
ми се јавија за да ме поздрават.
Како помина снимањето кон таа песна. На кои места снимавте
овој пат?
Снимањето помина многу лесно, затоа што домаќини беа
мои пријатели. Снимав во вилата и на јахтата на една моја пријателка Поли, која
всушност учествува и во видеоспотот. Нивната вила се наоѓа на Халкидики,
Грција и немав никакви потешкотии при
снимањето, работев со режисерот Николај Скерлев кој е голем професионалец и сум
воодушевена од него како работи. Секој си ја вршеше работата и покрај тоа, си поминавме два
незаборавни дена.
Колку е важно денес за изведувачите да се слушат желбите
на публиката или поважно е да се употребат познати автори, за да ти се
гарантира еден вистински хит?
Гаранција за хит нема, како што нема ни рецепт за хит. Јас сум се
обидела низ сите овие години да претставам песни, но за оние од кои најмалку
очекував се претвораа во хитови. Кога пак очекував многу и сум давала се од
себе си и песната ќе ја направев по вкусот на публиката, понекогаш резултатите
не беа онакви какви што сакав да бидаѕт. Но, јас работам со познати композитори
и во иднина планирам да продолжам да работам само со такви.
Во последно време во соседните наши држави, започнаа да
се прават песни во акустично издание. Си помислила ли некогаш да направиш таков
проект со твои песни низ годините и да го претставиш на публиката?
Сум размислувала досега за многу нешта. Пример за концерт, со живо лајф
исполнување на мои песни успешни низ годините, да си соберам малку пријатели и
колеги и да си попеам малку на живо, затоа што забележувам дека во последно
време нема живо исполнување на песни ниту во дискотеките, ниту пак во
рестораните има оркестар, едноставно се помалку се за разлика од порано.
Музиката е се повеќе електронска и тоа ми недостасува.
Знам дека подготвуваш неколку нови проекти, од кои еден
ќе биди во дует со твојата ќерка. Ќе ни откриш ли кога да очекуваме да излезат
?
Во една емисија едноставно се пошегував дека можеби ќе
направам дует со мојата ќерка, затоа што
неа постојано ја прашуваат дали може да пее, но засега нема да има такво нешто.
Затоа што понекогаш во интервјуата некои зборови погрешно се сфаќаат и неможам
да кажам дека сум решила на 100% да правам дует со мојата ќерка, затоа што таа
плус се насочи кон модата, не толку многу кон музиката. Таа повеќе сака да снима фотосесии, да се
појавува на модни ревии, но досега не ми кажала дека сака да пее, иако таа
одлично пее и дали ќе стани пејачка ќе кажи времето.
Долго време немаш
издадено музички попфолк албум. Имаш ли планови колку песни ќе вклучиш
во него и кога ќе излезе?
За албум треба да соберам доволно песни, а до крајот на
оваа година со сигурност ќе направам една песна со видеоспот.
Баладите исто така ти се силна страна, а „Последният“ е
една балада која остави своја трага во
времето... Подготвуваш ли нова во моментов?
Засега не, но по совет на мои обожователи, затоа што тие
сакаат и барат да направам балада, јас ќе ги послушам и ќе направам.
Со секој изминат ден, твоите песни собират се поголема
популарност не само во Бугарија, Македонија, но и низ целиот Балкански
Полуостров. Се согласуваш ли?
Искрена да бидам, кога одам на одмор во Грција и си
мислам дека таму никој не ме познава, се покажува дека таму на морето одат многу
македонци и тие секогаш ме препознават и
многу се радуваат кога ќе ме видат, а јас се зачудив од каде можат да ме
познават. Тие едноставно ќе ми одговорат, ние гледаме телевизија Планета и ги
знаеме сите бугарски изведувачи и сакаат да се снимаат со мене, што за мене
претставува задоволство.
Денес се појавуваат многу млади изведувачи, дали би му
помогнала на некој да се пробие во светот на музиката?
Јас мислам дека тоа веќе го направив. Прва подадов рака
на Теди Александрова и направив дует со неа, кога таа не беше позната уште кај
публиката.
Што би им кажала на сите оние, кои сакаат да се
занимаваат со музика?
По телевизијата се изгледа многу лесно и убаво, но
вусшност ова е многу тешка професија.
Значи да помислат три пати пред да се осмелат на ваков
чекор?
Не, нека го направат тој чекор ако тоа им е желба. Иако, оваа
работа е сврзана со многу тешкотии, си има и свои убавини.
Автор - Наташа Секуловска за EstradaWorld
No comments