Header Ads

Марија по-секси од секогаш! Погледнете го спотот “Тази нощ се казваш мой”!

Исклучително продуктивна и успешна е 2016 за бугарската пејачка Марија. Во изминатите месеци пејачката ја изненади публиката со неколку хитови проекти, од кои дел беа создадени со ѕвезди од соседна Грција, а пред неколку дена ја представи и својата најнова песна “Тази нощ се казваш мой”, за која предизвика многубројни коментари покажувајќи го своето совршено тело во спотот.

Среќен празник! Среќен ден на музикатa! Во овој ден сакам да се заблагодарам на сите оние кои речиси 17 години ја слушаат мојата музика, ги гледаат моите видео и пејачката Марија Би сакала да им се заблагодарам на моите продуценти Марија и Митко Димитров и ТВ Планета ..... Ќе се заблагодарам на целиот тим со кој работам, бидејќи без нив јас немаше да бидам она што сум .... Калин Димитров, Тина Денчева, Боби Павлов, Људмил Иларионов-Луси, Жоро Марков, Kостадин Крстев -Коко, Жоро Малев, Kирил Чалков, Mилена Димитрова -Фифи, Петја Цветкова, Kрасимира Димитрова, Aвгустина Маркова -Тути, Милена, Стани, Радо, Неци и Ballet Fame, Динко Динев - графички дизајн ...... Најмногу би сакала да се заблагодарам на моето семејство за поддршката во сите овие години, за поддршката во сите мои одлуки и муза за работа Ве сакам сите ....“ – сподели пејачката во нејзината официјална страница во Фејсбук.


Добри вести од Марија оваа недела се неколку, бидејќи освен во професионален план, таа може да се пофали и со прекрасни настани и во личниот живот. Нејзиното големо семејство се зголеми со уште еден член - Јордана. Тоа е првородената ќерка на сестрата на Марија - Ирена, која се појави на бел свет пред неколку дена.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв 

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.