(Интервју) Џулија - Ако добијам покана за дует од Џесика, Елена или Татијана ќе прифатам“
Есенскиот период го започнуваме со ексклузивно интервју
со новата ѕвезда на Планета Тв – Џулија. Имено тоа е името за кое ќе се зборува
многу почесто кога станува збор за попфолкот во соседна Бугарија, не само затоа
што младата пејачка го привлече вниманието со својата убавина, но и поради
прекрасниот музички талент кој го поседува. Во отворено интервју за нашиот
сајт, ќе дознаете како успеала да потпиши со најголемата музичка компанија во
Бугарија, дали подготвува нова песна,и каква е емоцијата да пееш пред огромна публика
за прв пат. Сето тоа и уште многу работи ќе дознаете ако го прочитате
интервјуто со неа.
Здраво Џулија. За мене е вистинско задоволство да бидам
првата на која и даваш интервју за македонски сајт. Ти минатата година успеа да
се издвоиш уште со твојот прв музички проект "Искам од теб" и
дефинитивно ги потврди очекувањата за сериозна иднина на музичката сцена. Што
беше клучно за да потпишеш со најголема музичка компанија во Бугарија
"Пайнер"?
Здраво, пријатно ми е и мене. Решавачки беше мојата
подршка од најблиските мои луѓе дека треба да одам напред. До потпишувањето на
договорот се стигна откако се запознав со господин Митко Димитров и му се
допадна мојот начин на пеење.
Имаш завршено народно пеење во НУФИ "Филип
Кутаев" во град Котел. Си работела ли досега како народна пејачка?
Неколку години имам работено по одредени ресторани каде
што се пејат различни стилови на музика, вклучувајќи и народна музика која мене
ми е омилена.
Сепак да очекуваат ли твоите фанови наскоро таква народна
песна од тебе?
Во мојот репертоар задолжително ќе има народни песни,
само се е прашање на време.
Втората твоја песна откако потпиша со "Пайнер" ја
претстави на концерт за роденденот на телевизија "Планета" во сала
Арена Армеец во Софија минатата година во декември. Какво е чувството да пееш пред толку многу луѓе за прв
пат?
Чувството да бидеш аплаудиран од толку многу луѓе беше
незаборавно. За мене беше голема чест да бидам на една сцена заедно со сите мои
веќе докажани колеги од фирма „ Пайнер “.
Зошто не и сними спот и на оваа песна " Ще се върна ", има
доста позитивни коментари за неа од луѓето иако е кавар?
Мислам дека лајв претставувањето на песната на најголемата
сцена во Бугарија и емоциите кои ги преживеав за време на претставувањето, сето
тоа беше опфатено од страна на камерманите и мислам дека беше доволно да се
претстави така.
Но, огромен успех постигна
со песента „Точка за мен“ која излезе ова лето. Едноставно стана хит преку ноќ.
Задоволна ли си од нејзиниот успех?
Многу сум задоволна од
успехот на „Точка за мен“ се радувам што луѓето ја прифатија толку добро, а
тоа е едно признание дека се движам во
една правилна насока и ќе се потрудам уште повеќе да одам напред со секој
претставен проект.
Имено нејзиниот успех и
постојаното вртење низ клубовите и
дискотеките ти донесе повеќе настапи ова лето. Како го помина?
Лето 2016 беше полно со
многу пријатни емоции, често одење на плажа и си направив незаборавни спомени
кои остануваат засекогаш.
Да очекуваме ли од тебе
нова песна за есенскиот период? Ќе работиш ли на неа повторно со композиторот
Даниел Ганев?
Во моментов работам на ново
парче, за кое музиката и аранжманот ги доверив на Боби Павлов. Многу брзо ќе
биде факт и се надевам слушателите да бидат пријатно изненадени повторно.
Сигурно и она што ги
интересира твоите фанови е да го подготвуваш првиот музички албум?
Се надевам и таа моја желба
да ми се оствари, иако има уште време за албум.
Започна и со меѓународните
настапи. Пред некое време пееше во Брисел за прв пат. Какви спомени понесе од
таму?
Беше многу убаво, освен
моите песни ги пеев и најомилените на луѓето песни на мои колеги, на кое многу
убаво се забавуваа.
Во Македонија, откако се
појави на музичката сцената, луѓето почнаа да покажуваат интерес за твоите
песни. Имаш ли добиено покана за настап тука?
Ако бидам поканета да пејам
кај вас, со големо задоволство ќе ја прифатам.
Би ли направила можеби дует
со некоја наша позната поп фолк пејачка како Џесика Палашоска, Татјана
Стефановска, Елена Велевска ... тоа ќе ти овозможи поголем пробив на
македонската музичка сцена.
Ако добијам покана од нив за
дует, со големо задоволство ќе ја прифатам и ќе запишам дует.
Фановите оваа година на Годишните музички награди на
ТВ "Планета" ти ја доделија првата
статуетка во твојата кариерата "Дебитант на 2015 година". Мислиш дека
од тој момент се чувствуваш поодговорна
во смисла да правиш уште подобри музички проекти?
Да, точно така се чуствувам
и ќе се потрудам да не разочарам никого, сепак искуството е тоа што ти помага
да се надградуваш себе си.
Ти кажа дека си пеела
народни песни, а сега си поп фолк пејачка. Од твоја гледна точка дали би кажала
дека попфолкот е в криза?
Попфолкот е музика која
определено е слушана и сакана од многу луѓе, и не може така лесно да биди
заборавена. Според мене многу тешко може да се стигне до кризна ситуација во
него, бидејќи секогаш ќе има луѓе кои ќе ја сакаат таа музика и ние
исполнителите треба да се трудиме да претставуваме што е можно повеќе квалитетни
песни на кои сите ќе се забавуваат.
Ти си една од најубавите и
стилски Бугарки, бидејќи заложуваш на природното. Би ли издала каква е тајната
на убавината и совршенството?
Прво благодарам за
комплиментот. Тоа што можам да го кажам е дека секој си има своја сопствена
убавина и колку си поприроден толку таа убавина се покажува повеќе. За мене
убавината треба да ја изразува индивидуалноста на секој човек, а не да го мешат
со некој друг.
Според тебе што ја прави
една жена вистински среќна?
Мене искрено вистински
среќна ме прави љубовта која ја чуствувам најповеќе од блиските луѓе и музиката
се разбира. А, кога блиските ти се до тебе и те поткрепуваат во се среќата е
неизмерна.
Кое е најмилото нешто што
си го слушнала од фановите?
Најмилото нешто кое го
слушав е дека ме сакаат и дека им се радуваат искрено на моите песни.
Правиш ли планови за
иднината, или се потпираш на максимата "Животот е сега, а не некогаш, кога
..."?
Планови за иднината е тешко
да си правиш, бидејќи некогаш не се зависи од тебе. Работите можат да се
променат, но да имам желби и цели кои ги следам, и покрај се секое утро кога се
будам сум благодарна за тоа што го имам и тој ден и треба да го изживеам по
најдобриот начин. Среќата е тука и сега, треба да сме благодарни што сме живи и
здрави, да обрнуваме внимание на блиските луѓе и да се радуваме на животот.
За крај, голема
благодарност за одвоеното време. Која е твојата порака за сите фанови и
читатели на Estrada World!
Ви посакувам сите да сте
живи и здрави, да бидат добри и многу среќни и да продолжат да се забавуваат на
омилените нивни песни.
Фото - Планета ТВ
No comments