Header Ads

(Интервју) Ивелина Колева -„Очекувајте мој нов народен дует со Преслава“

Ивелина Колева, сестрата на познатата бугарска пејачка Преслава е наша гостинка. Имено нејзиното име од 2009 година па наваму, е едно од водечките имиња на новиот бран народни пејачки кои го градаат името и со нова авторска фолклорна музика, покрај репертоарот од добро познати народни песни и песни од други жанрови. Ексклузивно за нашиот сајт открива детали од почетокот на нејзината музичка кариера, дали планира повторно да запише дует со Преслава и која македонска песна од нејзиниот втор музички албум сака во скоро време да и сними спот. Сето тоа и уште многу детали ќе откриете во подолу претставеното интервју.

Здраво Ивелина. Твоето име од 2009 година па наваму е едно од водечките имиња на новиот бран народни пејачки кои го градаат името и со нова авторска фолклорна музика, покрај репертоарот од добро познати народни песни и песни од други жанрови. За македонската публика подобро да ве запознае, ќе ни откриеш ли нешто повеќе за почетокот на твојата музичка кариера?

Со музика и поспецијално со народна музика се занимавам од многу мала. Кога бев 5 – 6 клас мојата мајка ме запиша во Центар за работа со деца, каде што учевме народни песни и одевме на многу концерти.  Веќе во 7-ми клас земав и часови по соло и народно пеење веќе доста посериозни за да можам да се кандидирам за во музичка паралелка. Цели пет години ги поминав во музичката паралелка во Добрич, после  конкурирав  за нешто сосема друго, но продолжив да пејам. Сум пеела во странство, низ Бугарија, работев со доста оркестри и малку подоцна веќе потпишав и договор со музичката компанија   "Пайнер".

Првиот твој посериозен јавен настап  беше на фестивалот "Пирин фолк" во 2009 год., каде  што ја претстави песната "С мерак, любов и песен",  а имено оваа песна во 2014 година го дава и насловот на првиот твој самостоен музички албум. Какви впечатоци носиш од настапот на „Пирин Фолк“?

Таа песна е по музика на Славчо Александров, текстот е на Свобода Даскалова, додека пак аранжманот е на Светослав Лобошки. Многу убава песна, со многу убав текст и имам многу пријатни спомени од  „Пирин Фолк“ , за жал учествував само на првата вечер, бидејќи втората беше прекината поради трагедијата што се случи на Охридското Езеро колку што се сеќавам. И првата вечер се јавивме со авторски песни и тогаш бевме заедно од нашата фирма со Пепи Христозова и Цветелина Јанева. И трите бевме млади исполнителки и конкуриравме со македонски пирински песни, беше многу весело, многу емоционално беше самото преживување да се пее пред таква публика која е дојдена специјално заради таа музика.


Во него вклучи 13 песни, меѓу кои имаше и неколку твои авторските како што се песните"Терзи Димо", "Чуйте, мало и голямо"..... како се роди идејата за нив, и воопшто кога започна да пишеш своја авторска музика?

Мои песни можеби пишам уште откако бев ученичка, но тогаш не сум ги доразвивала тие идеи. Имавме таков предмет пеење по ноти, имено даден нотен текст на кој требаше да ставиме текст, односно зборувам се за од ноти да биди и тогаш имав и други идеи и пишев песни но не бев заинтересирана, колку само да помини часот. А, после часовите со тек на време пробував и кога оркестар „Извор“ издаваше свој јубилен албум и запишуваше во  "Пайнер", и тогаш имав една-две песни кои ги вклучив во тој албум и сигнав до идејата дека може и да ми  тргни со тоа.

Во тој албум имаше два дуети со твојата сестра Преслава -„Иван Елена тихом думаше" и "Замръкнала е хубава Яна",, а зошто  во новиот албум кој излезе во јули ова лето не вклучи повторно дует со неа?

Бидејќи беше премногу зафатена (се смее). Сепак учествуваше во две шоуа кои бараат премногу време да биде оддадена на нив, тоа беше „Големиот Брат“  и „Како две капки вода“, потоа одделно па нејзината работа , нејзините настапи и спотови и немаше едноставно време кога ние да запишиме нова песна. Но, се надевам потаму да има една таква пак за бидат израдувани фановите на тој жанр на музика и се разбира нејзините фанови.
Таа песна "Замръкнала е хубава Яна"  е авторска  песна на раководителот на оркестар "Канарите" Атанас Стоев,  и како се случи да ја добиете оваа песна со Преслава како подарок од него и да ја вклучиш во албумот  "С мерак, любов и песен"? 

Г-дин Наско Стоев е многу добар човек и голем музичар. Тоа да создадеш двеста и нешто народни авторски песни кои да се пејаат низ годините, па и ние младите да се учиме од нив, тој е многу специјален и за младите и за тие кои изучуваат народна музика , затоа што негови песни се „Кара Кольо“, и да не испомешам некој наслов, и ние од мали со Преслава  ги пееме по свадби и ресторани. Кога ја запишавме таа песна тој беше воодушевен од таа идеја и подоцна не вклучи како дует во неговиот голем концерт минатата година во Стара Загора.

Ти избра многу интересен наслов за новиот албум „Добруджа на хляб мирише". Зошто ја избра токму оваа песна?

Затоа што прво сум од Добруџа, второ таа песна беше последната која ја запишав од тој албум. И кога ги гледав насловите на песните немаше шанси да биде некој друг, тој требаше да биде насловот за да ја претставува доруџанската народна област и да ги израдувам сите мои сограѓани. Инаку песната е со многу убав текст, многу емблематиен за Добруџа и направивме и многу убав спот.


Всушност сите песни од новиот албум ги претстави со видеоспотови. Со кој тим работеше врз нив?

За снимките на нив работев со Радослав Георгив и неговиот тим на “Планета“.
Танцовата формација повторно беше "Пловдива", Мис Бони се погрижи за мојата  шминка, снимав народни носи од мојот крај и снимавме околу Каварна, Чуленово и Добруџа.

Песната "Две жълтици"  се претвори во една од најпосакуваните песни од твојот нов албум. Луѓето тука во Македонија ја споредуваат со песната "Две лири" на Каролина Гочева, иако двете песни немаат ништо заедничко, освен можеби темата. Задоволна ли си од нејзиниот успех?

Јас сум многу задоволна од "Две жълтици"  бидејќи не поминува мој настап односно концерт да не ја посакаат особено најмладите. На еден од моите последни настапи, едноставно се случи да заборавам да ја испеам таа песна и на крајот последните минути се сетив и ја вклучив и целата публика буквално се израдува и се почуствував исто како на попфолк концерт кога едноставно се радваат особено помладите, кога ќе ги видат нивните омилени пејачи, само што кај мене е помалку поразлична публиката од попфолкот, но многу луѓе се израдуваа кога ја слушнаа песната. Има луѓе кои ми пишат дека  дури и плачеле кога го гледале спотот, некои пак се откривале себе си во неа, еден плаче за родител, друг за своето либе како се кажува. Инаку колку се слични двете песни не знам, не сум ја слушнала таа на Каролина Гочева, но ќе ја слушнам со сигурност. Но, да не заборавиме има многу слични песни, не само во македонските, но и во Бугарија на  пример насловот „свадба“ можеш да го откриеш во повеќе од десет песни, или „моето либе замина“, или во „странство заминувам“ има доста слични наслови, а и тоа си е како една легенда нареченото злато така да можеби и тие ја зеле од некоја идеја, и тука и ние со Полина Дакова сме се послужиле, од нешто. Секоја една песна се раѓа како на пример кога ќе слушнеш  дадена историја или легенда, или нешто си го прочитал, јас искрено читам многу стара литература.


Кои песни од албумот "Добруџа на леб мириса", се чисто твои авторските?

„Чорбаџи Петко“ е целосно моја авторска и музика и текст, потоа "Всеки ден в църква замръквах" е по моја музика, во "Ой, Минке, Минке" учествував во допишувањето на текстот и променета на ритамот и ја преобразив целосно таа песна. Многу си ја бендисувам  "Харесал си е чорбаджи Георги" која повторно е по моја музика и текст, "Събрали ми се млади и стари" е една од најгледаните на YouTube е повторно по моја музика и текст,  "Детелино, цвете мое" исто така, "Бате Василе" дуетот со Здравко Мандажиев е по мој текст и "Добруджа на хляб мирише" е по моја музика.


Песната "Бате Василе" ја запиша во дует со Здравко Мандаджиев. Како се роди таа песна?

Низ дома имам расфрлани разни текстови, некогаш се случува да  напишам два реда, потоа го заборавам и имав напишано еден текст кој е конкретен за маж и жена, имено еден вид дијалог на прашања –одговор, и си стоеше така долго време можеби повеќе од половина година. Не знаев што точно ќе се добие од него  и со кој исполнител треба да ја создадам таа песна и така доста често се слушаме со Здравко, ние сме пријатели и колеги пред се и му ја споделив таа идеја, потоа му го дадов текстот и решивме да напишеме заедно една песна која да ја покажиме и да ги споиме двата гласа, имено мојот женски низок, а неговиот машки е висок и така се случи таа песна.


Во моментов работиш ли на нови песни?

Ами, овие дена бев многу зафатена знаеш дека одев на одмори (се смее), не сум влегла во блиско време во студио, можеби од мај месец наваму ништо немам запишано, но имам некои идеи, па запишувањето после е најлесно. Само да ми се роди песна во главата, текст или музика запишувањето е најпоследното нешто. Најбрзо се случуваат тие работи, прашањето е добро да се направи една песна и да стане убава, а до овој момент имам доста спотови кои се вртат по телевизија „Планета Фолк“ и сакам малку да се наложат тие, затоа што наеднаш пуштив  многу продукција и малку се бијат песните една со друга.

На годишните наградите на „Планета Тв“ оваа година ја доби престижната награда "Фолклорен изведувач на годината". Задоволна ли си од она што досега го имаш постигнато во кариерата?

Се разбира дека сум задоволна, тогаш и вториот албум го немаше, беше само првиот и еден млад исполнител во таа фирма само со еден албум да се наложи за толку многу кратко време,  и да ги придобие срцата на сите слушатели на бугарскиот фолкор да гласат за него и да нареди до големите имиња во тој жанр тоа си е навистина успех. И јас лично многу се радувам и благодарам на сите кои гласаа за мене и имено заради нив побрзав да го издадам и вториот мој албум „"Добруджа на хляб мирише",  како потврда и благодарност за наградата.


Во богатиот твојот музички репертоар исполнуваш фолклор од различни фолклорни области на Бугарија, па авторски народни песни, популарни и сакани хит песни од  бугарска естрада, балкански фолк, грчки, српски и руски песни, но имаш ли омилена македонска песна?

Имам многу омилени македонски песни, бидејќи во Бугарија се исполнува речиси се кое се пее низ сите соседни страни, па  така и во Добрич се пее македонска музика, имено има добри емблематични македонски песни кои добро звучат на бугарски, но со она нивното типично за нив, а и сум работела неколку години во Швајцарија каде што сум пеела и пред македонска публика. Омилени песни имам многу, конкретно не можам да се сетам на сите, но имам и запишано македонска песна во вториот албум во "В горите на Македония" за која се надевам во скоро време да и снимам спот и  така ќе ги израдувам и фановите во Македонија.


Во социјалните мрежи често споделуваш слики со твојата сестра Преслава, раскажи ни некоја ваша интересна случка, се случува ли често да пеете заедно?

Кога ќе се сретнеме некаде заедно, ние во смисла може да се видиме за една недела, но на пример да нема  во тој момент околу нас сцена, музика или музичари. Ако  појдам на нејзин настап, било во дискотека или друго место секогаш доаѓа и ми го дава микрофонот  за да  испееме некоја песна заедно или  пак сама. Во друг случај , на последниот кога бевме фестивал во Софија каде што јас си ја исполнив програмата и на крај на сцената ја поканив заедно да ја испееме  добруџанската песна „Мило ми е мамо“.

Твојата ќерка Викторија веќе е голема девојка, размислува ли таа да тргне по стапките твои и на тетка и Преслава?

Оди веќе две години на часови по пеење и се јавува по конкурси, учествува и во вокална група, а дали понатаму ќе се занимава со музика таа сама ќе си го избере патот. Малите деца секогаш се лутат. Една година се балерини, после пејачки, и тоа покажува по мое, барем јас така си мислам каде ќе тргне за некаде три-четири години.

Дали во животот нешто за што најмногу зажалиш? Или нешто што би направила поинаку, ако можеш да го вратиш времето?

Не сум се замислила, но секое нешто се случило за да случи нешто друго после тоа, било добро или да е лошо . Секое нешто било да е добро или лошо е лекција. И штом се случило значи така требало, а има една приказна кога Господот секогаш кога ќе ти земи нешто од рака, тој не помислува дека ти треба да си ги полниш шепите и мислам дека не треба да сожалувам за нешто. Можеби ако треба да го вратам времето назад по основ на музичката кариера, со сигурност ако знаев какво ме очекува и какви години ќе дојдат, сигурно сите фолкорни проекти можеби ќе се случија многу порано, немаше да чекам толку многу време.

Ти благодарам што беше моја гостинка. Ти посакувам многу здравје, љубов, среќа и се разбира успех во професионален и личен план и наскоро еден концерт тука во Македонија.


Ви благодарам многу, а ако ме поканат со сигурност ќе дојдам да пејам во Македонија.
Интервју - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв и лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.