Над 300.000 прегледи за “Да те бях зарязала” на Цветелина Јанева за само неколку часа од премиерата
Долгоочекуванaтa премиера на “Да те бях зарязала” на
Цветелина Јаневa
веќе е факт во Planeta Official во
YouTube и по телевизија "Планета".
Имено, пред извесно време во предавањето “Звездно“ по Планета Тв, Цветелина спомна
дека за најновиот проект се доверила на еден од најдобрите исполнители на
Планета Тв, но не го откри неговото име, со што со самата премиера на песната
мистеријата беше разрешена. Веќе е јасно, дека тоа е Галин кој освен како автор
на музиката и аранжманот на песната, се вклучува и во спотот кон неа.
Покрај Галин, во компонирањето на музиката и аранжманот учествува и Dexter, а автор на неверојатниот текстот
е Анастасија Мавродиева. Режисер и сценарист на парчето е Николај Нанков.
За само нецели 24 часа од излегувањето на најновиот прокет на Цветелина, парчето стана тотален хит. Не само што веќе влезе во плејлистите на познатите клубови и дискотеки низ Бугарија, но и неговата гледаност во YouTube надминува 300.000 прегледи.
Автор - Наташа Секуловска
No comments