Header Ads

Слушнете дел од новата песна „Senki“ на Александра Пријовиќ!

После хитовите „Za nas kasno je“, “Sta bi” и “Totalna anestezija“, српската пејачка Александра Пријовиќ е готова со нов сингл. Сподели пред извесно време дека е полна со енергија после летниот одмор, но вооедно и среќна дека е готова со новиот музички проект, за кој верува дека со него пријатно ќе ја израдува нејзината публика, а чија премиера е закажана за неколку дена.

Таа исто така дополни дека се радува од фактот што публиката пријатно го прими и го слуша летното парче “Totalna anestezija”, кое е најчесто порачувано на нејзините настапи, а гледаноста во YouTube секојдневно му расте, и до овој момент има 27.000.000 милиони.


EstradaWorld ексклузивно ви го открива насловот на новиот музички проект на младата пејачка, кој се вика Senki”, а автори се Dragan Brajović Braja и Srki Boy, како и слушнете дел од песната објавен на официјалниот инстаграм профил на Александра.


Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.