Уште еден преубав албум со песни за сечиј вкус.Песни што ти ја полнат душата -12-тиот албум на Орце Стевковски - Царот!
Македонскиот пејач Орце Стевковски - Царот го издаде своето по ред 12 –то CD
насловено како „Тука ми е коренот во Македонија“, посветено кон сите македонци
во странство, со јасна порака и повик да се вратат во родната земја.
Албумот содржи
нови авторски песни, од кои една од нив е
всушност посветена на Горѓи Атанасовски, кој се вратил во нашата
татковина и вложил доста парични средства во родниот Прилеп. Втората песна „Ние
Македонците родени во туѓина“ е песна што ја отвора целата душа и го полни
срцето со љубов кон татковината, па затоа оваа песна е посветена за сите
македонци родени во туѓина. „Еј, мори Гурѓе“ , „Евица ми лежи на срце“, „Се е
пусто од кога си замина“, „Не ме мачи ѕверко“ - се со љубовна тематика, додека
пак песната “Ден се разденило сонце огреало над Мариово“, „Ако некој праша од
каде си“, „Песна за с.Теово“, „Песна за Мислешево“, „Песна за Лазец Битолско“ –
се со патриотска тематика, а со свадбарски мотив е песната „Мерак ми е кум да бидам “.
Текстот и музиката на песните се на самиот пејач во
соработка со Prosaun Studio Прилеп, S.M.Studio
Крива Паланка, додека за арнажманот беше задолжен Сашо Митковски. А албумот во издание на Senator Music Битола доживеа две промоци ова
лето, првата беше на 29 јули во Билјанини Извори – Охрид, а
втората на 20-ти август во Битола.
Орце Стевковски – Царот добро е познат на македонската
публика, но и пошироко како пејач со многу хитови, многу турнеи низ Австралија,
Канада, Америка, Европа и многубројни солистички концерти. Во својот репертоар
ги има познатите хитови како „Убава Калина“, „Царот Неготински“, „ Пукнала
мајко треснала“, „Глас се слуша, плач и лелек“ , „Се заљубив на стари години“,
како и познатата песна „Од кај дојдовте“.
Автор - Наташа Секуловска
No comments