Header Ads

Јаница ја продолжи серијата на хитови песни со парчето „Хубаво го запомни“

Само пет дена поминаа од премиерата на новиот спот на бугарската ѕвезда на „Планета ТВ“ Јаница  - "Хубаво го запомни" , а гледаноста  во официјалниот канал во YouTube Planeta Official постојано се зголемува, а до овој момент изнесува повеќе од  640 000.

Фактите говорат дека имаме едно жешко парче и една уште потопла изведувачка која знае како да предизвика интерес кај љубителите на поп-фолкот. 
За музиката и аранжманот на песната  Јаница се довери на Diamond Beat Production, додека пак  текстот го напиша Росен Димитров. Режисер, сценарист и одговорен оператор на видеото е Георги Марков.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Георги Малев

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.