Фики собра танчери од цела Бугарија за најновиот спот “С друг ме бъркаш”
Најновиот спот на бугарскиот пејач Фики “С друг ме
бъркаш” веќе е факт во официјалниот канал Planeta Official во You Tube, но и по
Планета Тв и Планета HD. Големо изненадување во новиот проект на младиот изведувач е посебното учество на неговата
колешка Галена.
"Песната е авторска, во модерен стил. Затоа сакав во видеото да има многу движење, кадрите да се полни со танцување“ - сподели двократниот добитник на наградата "Пејач на годината".
Неговите обожователи нетрпеливо го очекуваа неговиот
најнов проект, кој за само шест дена има повеќе од 1.600 000 прегледи во You Tube и дава силен
старт на новата сезона. Видеото е реализирано од страна на режисерот Георги
Марков Додека пак музиката и аранжманот на Фики “С друг ме бъркаш” се дело на Даниел Ганев, а текстот е дело на Мариета
Ангелова.
Автор - Наташа Секуловска
No comments