„Хабиби“ на Азис најпродаван сингл во Бугарија за 2016 година
Бугарскиот пејач Азис откако го представи синглот "Хабиби" во крајот на минатата година, се уште продолжува да собира рекорди.
Синглот е на врвот на продажбата на албуми во
Бугарија за 2016 година уште пред крајот на годината. Импресивна бројка на продажба на овој сингл е повеќе од 100,000 парчиња. Всушност албумот "Хабиби" содржи три верзии на песната - оригинал , акустична и клубна.
Спотот за песната до
овој момент има повеќе од 35 милиони прегледи на YouTube, со што ја прави најгледана бугарската песна. Интересот за песната
продолжува да расте и понатаму, со што познатото списание New York Times
Magazine го вклучи "Хабиби" во својот ранг од 25 најпознати
песни. А, фановите го очекуваат нестрпливо новиот проект на Азис и се надеваат дека
ќе го повтори успехот на "Хабиби".
Автор - Наташа Секуловска
Фото - www.diapasonrecords.com
No comments