По секси и од Памела Андерсон - Погледнете ја фотосесијата на Џесика Палашоска!
Атрактивната Џесика Палашоска како и секогаш така и овој
пат одлучи своите фанови да ги изненади со нешто ново.
После високобуџетниот спот за песната „Играј валкано“ кој
го сними во Барселона, таа сними и провокативна фотосесија на која во една од
кадрите позира во црвен едноделен костум за капење, а многу медиуми почнаа да
ја споредуваат со актерката Памела Андерсон. Фотосесијата ја открива нејзината
перфектна фигура, за која за кратко време собра многубројни комплименти од
фановите.
Сексапилната пејачка, која од неодамна почна да настапува
на своите настапи и со танчерки, сподели дека е презадоволна од реакцијата што
ја сметаат за посекси од Памела, и дека идејата за стајлингот била целосно
нејзина, додека пак фотосесијата е дело на познатиот фотограф Томе Табанов, кој
за локација на кадрите го одбрал туристичкиот град Охрид.
Во прилог ви претствуваме дел од фотосесијата, и дали и
ви се согласувате дека изгледа повеќе од одлично ќе дознаеме од вашите
коментари.
Автор- Наташа Секуловска
Фото - Томе Табанов
No comments