Header Ads

Маја Беровиќ повторно незаменлива! Преслушајте го новиот музички албум „Intime“


Маја Беровиќ  и  нејзиниот тим  вредно работеа  на последните подготовки на нејзиниот најнов музички албум кој го носи наслoвот Intime“, кој денес точно во 14 часот на нејзиниот YouTube канал ја направи својата премиера  и со самата појава веднаш го привлече вниманието на публиката.

Она што е занимливо околу новиот албум е дека за неговите потреби, пејачката го промени својот тим на соработници, со што на своите обожователи им понуди нешто ново и доста различно од сѐ што досега има издадено. Албумот содржи десет чисто нови песни, од кои седум се дело на Алекс Канерас и Ники Канерас, со што донесоа нов звук во песните, а останатите три песни и овој пат се дело на  тимот „Иперија“, односно Буба Корели и Јала Брат, кои се погрижија и овој албум да биде нешто различно и досега невидено од сексапилната ѕвезда.  



Секоја од песните е проследена со вискобуџетен видеоспот кои ги изработи продукцијата “Toxic” и  „LEONA Videos“, затоа што тоа беше и очекувано  од нејзина страна и ова е напоменуваме петти албум по ред во кој сите песни се екранизирани.

За визуализацијата на овој албум, повторно беше задолжен нејзиниот тим кој со години е потпишан на албумите, а тоа се  Дејан Величковиќ и Иван Цивриќ, кои и овој пат се погрижија да направат нешто невидено и во тренд, а во моментов албумот е  достапен на сите дигитални платформи, а наскоро се очекува да излези и на  CD за сите љубители на носач на звук, а сите десет песни може да ги погледнете во продолжение:


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Маја Беровиќ

1 comment:

  1. Добрыя артыкулы, Вы чулі пра містэра Бенджаміна, электронная пошта: Lfdsloans@outlook.com --WhatsApp Кантакт: + 1-9893943740-- якія працуюць з паслугамі фінансавання, яны даюць мне крэдыт у памеры 95 000,00 долараў, каб пачаць свой бізнес, і я плачу ім штогод вось ужо два гады, і мне яшчэ засталося два гады, хаця мне падабаецца працаваць з імі, таму што яны - сапраўдны крэдытор, які можа даць вам любы крэдыт.

    ReplyDelete

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.