Header Ads

(Ексклузивно )Тијана Ем: „Не ни сонував дека сѐ ќе биди вака како што е“

 

Повеќе од месец дена во соседна Србија, на врвот е песната „Жена од Султана“ на пејачката Тијана, која се претстави под уметничкото име Тијана ЕМ и до овој момент има повеќе од 30 милиони прегледи на YouTube.

Потсетуваме дека Тијана во текот на 2014-та година беше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, а денес со 21 година одлучи да започни самостојна музичка кариера и ја престави песната „Жена од Султана“ која преку ноќ ја искачи на врвот и за која веруваме дека не постои личност на Балканот, кој до овој момент ја нема слушнато.


Прокативниот текст кој предизивика лавини од коментари низ социјалните мрежи е дело на Шаран Алегро, а музиката ни е добро позната, која за прв пат во текот на 2018-та година ја претстави нејзината бугарска колешка Галена со песната „Феноменален“ и е на композиторот Даниел Ганев.

Кога се започна не ни сонував дека ќе стигниме до оваа цифра, а ни дека сѐ ќе биди вака како што е. Драги мои, ви благодарам за 30-те милиони прегледи.. а наскоро очекувајте од мене и од мојот тим нешто ново и уште подобро. Нема да ве изневерам“ – сподели Тијана Ем, која пред неколку дена сними и нова фотосесија од која ексклузивно ви претставуваме еден кадар.


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Инстаграм Тијана ЕМ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.