Header Ads

Ексклузивно: Марија одлучи да ја прекрати својата музичка кариера



Марија


Бугарската пејачка Марија изненадувачки одлучи да ја прекрати својата 20 годишна кариера како водечко име во музичкиот шоу бизнис во соседна Бугарија.

Решението го соопшти лично со вклучување  во живо на нејзиниот официјален инстаграм профил, соопштувајќи ја веста со солзи во очите. Појасни дека одлуката не е донесена под влијание од ниту еден маж, а уште помалку од страна на нејзиното семејство. Едноставно одлучила дека за сите овие години го има постигнато максимумот од себе си и време е да започни нов бизнис.

Веста беше пречекана како шок од страна на нејзините обожователи, кој постојано поставуваа прашања дали ќе се предомисли или пак ќе објави уште една последна песна, за што таа појасни дека повеќе нема да снима песни, ниту пак ќе настапува по клубовите и дискотеките.

Сигурни сме дека нејзиното име ќе запаметено со златни букви во попфолкот во соседна Бугарија, затоа што зад себе остави многу хитови песни, кои ќе се слушаат долго време.




Автор - адв.м-р Наташа Секуловска
Фото - Лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.