Header Ads

(Видео) Данна жние успеси со новиот музички хит „Такава“

 

Данна е едно од најновите пополнувања во музичката компанија „Пајнер“  и „Алфа мјузик“ во соседна Бугарија, која ви ја претставаме минатата година со екслузивно  интервју, а во последно време нижи успех зад успех, а тоа е доказ дека одлично се претстави во музичкиот бизнис.

„Сакам да создавам модерна музика, да се памти, музика со мој отпечаток.  Онаа музика која ќе продолжи да се слуша“ – сподели таа за нас.

Имено, после првата самостојна песна „Тој“, таа вчера во официјалниот канал на телевизија „Планета“ во  YouTube ја претстави песната „Такава“ ft. Диона. Парчето со самата појава предизивика реакција од лавини, пред сѐ позитивни, а е дело на нејзините колеги Галин и Диона. Видеото го изработи Људмил Иларионов Љуси, а во него учествува Мистер Софија 2020- Васил Младенов.


Овој викенд предвидува многу расположение, жешки хитови и весели емоции за обожователите на попфолкот и за сите оние кои сакаат да се забавуваат со добра музика, затоа што песната „Такава“ ја имаше и својата премиера на живо во еден од клубовите во Пазадржик, каде што Данна имаше настап сношти, а оваа вечер ќе ја слушнат и нејзините обожователи во Крджали, а во недела (16-ти август) гостува во  Созопол.


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.