(Видео) Роксана изненади со песна во која се вклучува Џамбо Агушев
Роксана која важи за една од најуспешните
попфолк пејачи во соседна Бугарија, ги израдува своите обожователи со чисто
нова песна која носи наслов „Нека ме боли“, во која се вклучува нејзината колешка Преслава со вокали, но
учество зема и нашата легенда Џамбо Агушев.
Песната за само четири дена регистрира над
350.000 прегледи во официалниот канал на телевизија Планета во YouTube и е дело на самата пејачка
во соработка со композиторот Мартин Биолчев и писателите Мариета Ангелова и
Ивајло Влчев. Режисер на видеото е Људмил Иларионов - Љуси.
„Ќе продолжам да се следам себе си кога
станува збор за музиката. Никој и ништо не може да ми поставува рамки или пак
какви биле музички трендови. Благодарам на сите кои работеа по овој проект, а
најмногу на живата легенда од Северна Македонија - Џамбо Агушев, затоа што за мене е
голема чест да бидеме заедно на една сцена, уште повеќе кога станува збор за наша песна“ - сподели Роксана за нас.
Исто така, пејачката подготвува и многу други
изненадувања за нејзината публика, а ексклузивно ви откриваме дека до броени
денови ќе претстави и народен дует со позната пејачка Вања Влкова.
АЉвтор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Роксана
No comments