Header Ads

(Видео) Камелија со нов летен хит - Погледнете го „Иди си“!


Сексапилна, провокативна, секогаш насмеана, смела и многу позитивна – тоа е Камелија, попфолк дивата која грее на сцената уште од 90-тите години на минатиот век и го има испишано попфолкот во соседна Бугарија со златни букви.


После пикот на пандемијата Ковид -19, таа одлучи да ги израдува нејзините обожователи со нова песна и видеоспот, која ја направи својата  премиера вчера во нејзиниот канал на YouTube и за само нецели 24 часа предизвика лавина од позитивни коментари.

Песната „Иди си“е дело на грчкиот композитор Евангелос Фивус Тасополус, со аранжман на DIAMOND BEAT PRODUCTION, додека пак за текстот се погрижи Десислава Ковачка. Видеоспотот е повторно дело на Валери Милев, со кој Камелија работи во последно време, а во прилог погледнете за што станува збор:


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Камелија


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.