Header Ads

(Видео) Преслава и Данна изненадија со импровизиран дует



Преслава и Данна ги изненадија сите присутни минатата вечер со импровизиран дует во познат ресторант покрај морскиот брег во соседна Бугарија,  каде што ѕвездата на телевизија „Планета“ имаше свој настап.

Тоа стана јасно прво од вклучувањето во живо на официјалниот Инстаграм профил на Преслава, а потоа и од видеото качено во нејзиниот канал во YouTube. За само неколку секунди по објавувањето тоа стана вистинска сензација, затоа што двете пејачки го исполнуваат еден од најголемите хитови на Преслава, а тоа е песната „Водка с утеха”. Публиката пее во еден глас со нив, а тоа е повеќе од доказ дека владееше повеќе од одлична атмосфера. Судејќи по многубројните коментари, не е исклучена можноста да не израдуваат понатаму и со еден заеднички проект, но дали тоа ќе се случи, останува да видиме.

Во прилог погледнете за што станува збор:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.