Header Ads

(Видео) Врели сцени во новиот видеоспот на Саша Ковачевиќ кон песната „Афера“



„Афера“ е третата песна на Саша Ковачевиќ, која е дел од проектот „METAMORPHOSIS“  и кој претставува целосно поинаков музички стил од сѐ она што досега имавме прилика да слушниме од овој талентиран пејач, кој со своите песни ги воодушевува сите генерации.
Песната освојува со својот звук, текст и видео со жешки сцени во кој главната улога ја има Саша и преубава девојка од  Доминканската Република, каде што и овој пат овој високобуџетен видеоспот  е снимен. Како автори на музичкото парче кое со сигурност ќе се претвори во летен хит, затоа што Саша секогаш ги има хитовите на годината не само во соседна Србија, но и на целиот Балкан е дело на браќата Ковачевиќ, Хуан Лопера Родригез и Андерсон Гиралдо, додека пак за провокативниот текст овој пат беше задолжен повторно Милош Рогановиќ.


Песната „Афера“, си доби и своја шпанска верзија под насловот „Mala и со сигурност може да кажеме дека овој проект е доста успешен, со што го искачи Саша повторно на врвот не само во соседна Србија, но и кај нас, а песната се врти по сите радиостаници.
Во прилог преслушајте ги:


Автор: Наташа Секуловска
Фото: Интернет


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.