Header Ads

(Видео) Марија и Саша РикоБенд изненадија со дует - Погледнете ја песната „Стой настрана“

Марија и Саша РикоБенд


Марија е готова и со вториот музички проект после пандемијата, откако пред две седмици го претстави дуетот „В сезона на греха“ со нејзиниот колега Тони Стораро.

Таа овој пат изненади со дует со нејзината колешка Саша РикоБенд кој носи наслов  „Стой настрана“ и за кој  сме сигурни дека ќе се претвори во еден од хитовите на ова лето, судејќи и според многубројните позитивни коментари кои ги доби со својата премиера вчера во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial.
Марија

Песната е дело на Сашо Сашов, со текст на Петар Рангелов, а за видеото се погрижи режисерот Николај Скерлев со кој Марија соработува долги години, а во него имаме можност да го видиме и Мартин Иванов кој ја носи титулата „Мистер Бугарија“.

Во прилог погледнете ја песната, а во делот галерија ќе откриете и дел од новата фотосесија на пејачката снимена за време на снимањето на видеоспотот заедно со фотографот Теди Грозданов:

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Теди Грозданов

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.