Header Ads

(Фото) Цеца со мало закаснување го прослави својот 47-ми роденден

Цеца

Српспката попфолк дива Светлана Ражнатовиќ -Цеца успеа да се избори со коронавирусот. Тоа стана јасно од приказна споделена на нејзиниот официјален профил во Инстаграм, откако беше тестирана претходно, кога  таа и нејзиниот син Вељко беа регистрирани како позитивни на вирусот, а со тоа мораше двата да одат задолжително во самоизолација.

Негативниот тест беше соопштен на 15-ти јуни, еден ден после нејзиниот роденден на 14-ти јуни кој го дочека во домашна атмосфера.

„Овој роденден ќе го одбележам токму онака каква што беше 2020-та година досега, под маска“, откри  пејачката.

Но, откако ги доби убавите вести Цеца одлучи сепак да го прослави роденденот во кругот на своите најблиски во познат ноќен клуб, кога убаво роденденско изненадување и приреди нејзината ќерка Анастасија.
Цеца на прославата на својот роденден


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Интернет/ E-Stock/Časlav Vukojičić


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.