Во продажба излезе и петтиот народен албум на Рајна - „ Българийо, една”
Рајна |
Бугарската пејачка Рајна ги израдува своите обожователи со нејзиниот петти народен албум, кој веќе може да го купите онлајн од еMAG, но исто такa и од музичките продавници на „Пајнер“ низ цела Бугарија.
„Немам трпение да ги слушнам реакциите на луѓето кога ќе ги слушнат песните, затоа што песната „ Българийо, една” која е авторска песна го даде насловот на албумот и смело можам да кажам дека сите песни кои се вклучени во него се доста различни и истиот содржии мелодии од областа на Тракија, Добруджа, а има дури и едно Дунавско оро“- откри таа во емисијата “Песните на България” по Планета Тв пред извесно време.
Музичкиот албум содржи вкупно 11 песни и овој пат во него е вклучен нов дует со групата „Годлево“, со кои Рајна ја испеа песната „Тежко мина младостта” која и во Бугарија бележи милионски прегледи и голема популарност, а новата песна носи наслов „Пролетно слънце”.
Во делот „Албуми“ преслушајте ги песните од албумот кои се со видеореализација, а во прилог слушнете ја песната „ Българийо, една”.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments