(Видео) Данна посмела од секогаш во видеоспотот кон својата прва самостојна песна
Данна |
Данна е најмладата пејачка во музичката продукција
„Пајнер“ во соседна Бугарија. Таа е родена на 4 јуни 2004 година и како што
споделува и самата за нас, уште од 4 или 5 години ја пеела песната „Шампанско и
солзи“ на нејзината колешка Ивана и оттогаш се родила нејзината желба за
музика. Години покасно кога е на 10 години достигнува до првиот круг на
конкурсот за Детска евровизија во Бугарија, а на публиката им е
добро позната од емисијата „Шоуто на Слави“.
Вчера таа, точно
на својот 16-ти роденден ја претстави својата прва самостојна песна која го
носи насловот „Той” (Тој), за кој проект имаше споделено дека се подготвува уште минатата година и истиот
веќе се врти по програмата на телевизија Планета:
„Самостоен проект започнувам после излегувањето на дуетот
со Десита и се надевам работите ќе излезат како што треба.Сакам да создавам модерна музика, да се памти, музика со
мој отпечаток. Онаа музика која ќе продолжи да се слуша.“
Среќен роденден Данна |
Песната е авторско дело на нејзината колешка Десита, со
аранжман на Дејан Ассенов, додека пак за видеото се погрижи Људмил Иларинов –
Љуси, со камерман Георги Марков. Во него Данна е посмела од секогаш и имаме
можност да ја видиме во доста провокативно светло, за кој изглед доби само
позитивни коментари.
Исто така, пејчката сними и екслузивна фотосесија заедно
со Викторија Сиракова, а дел од неа ви претставуваме во делот Галерија.
Фото - Викторија Сиракова/ Планета ТВ
No comments