Header Ads

(Видео) Погледнете дел од новите народни песни на Джена и орк.Канарите

Джена


На музичкиот пазар наскоро се очекува појавата на вториот  долгоочекуван народен албум на пејачката Джена во соработка со познатиот оркестар  „Канарите“, а по тој повод слушателите веќе можат да се насладат на неколку песни од него.

На 15 -ти јуни први во јавност се појавија песните „Замръкнала хубава Яна” и „Кучета лаят“, снимени во близина на градот Несебар, а вчера своја премиера ја направија песните „Петър Румяна думаше”, „У Недини равни двори“,„Слънцето трепти, захожда“ и „Калина болна легнала“.

„Пријатели, ви ја претставувам песната „Петър Румяна думаше”, во моја изведба заедно со оркестар Канарите. Многу малку луѓе знаат, дека таа доста популарна песна и омилена на сите бугари е авторско дело на мојот свекор Атанас Стоев.“ - сподели Джена.

Во прилог погледнете ги песните, за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат и ќе бидат слушани и во изведба на Джена, за која потсетуваме дека има завршено музичко училиште и важи за една од најпознатите пејачки во соседна Бугарија:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.