Header Ads

(Видео) Емануела и Джија провоцираат со песната „Мамино синче“

Емануела и Джија


Емануела и Джија која е најново пополнување во музичките редици, ги изненадија фановите со заедничко парче, во кое двете пејачки се посексапилни од секогаш, а позитивните коментари не закаснија од страна на публиката кои песната ја оценија како хит.

„Мамино синче“  веќе ја направи својата премиера по телевизија Планета и за неколку дена регистрира над 500.000 прегледи во официјалниот канал на телевизијата во YouTube - PlanetaOfficial. Песната е по музика и аранжман на нашиот композитор кој со години живее и работи во соседна Бугарија Јорданчо Василкоски- Оцко, со текст дело на Александар Попов и Петар Петров. Режисер на видеото е познатиот бугарски режисер Људмил Иларинов - Љуси, со камерман Иван Иванов.

За време на снимањето на видеоспотот, Емануела сними и нова фотосесија, која ќе ја откриете во делот Галерија.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Георги Малев

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.