“Не слагай от отровата“ е насловот на новиот дует на Джена и Андреас
Джена и
Андреас после седум години од премиерата на нивниот прв дует “Да те прежаля“, одлучија
да ги израдуваат нивните обожователи со нов дует.
“Не
слагай от отровата“ е насловот на најновото музичко пополнување во музичките
репертоари на двата познати изведувачи,
кое само за неколку дена се радува на огромна популарност на YouTube со
над 600.000 прегледи.
Джена е
имено позната и како изведувачка која секогаш држи да и претставува на
публиката квалитетна самостојна продукција, па и овој пат не изневери на својот
стил. Песната е соработка помеѓу самата изведувачка со нашиот композитор
Орданчо Василковски – Оцко и поетесата Анастасија Мавродиева.
Видеото го изработи режисерот Георги Марков, кое беше реализирано во позната
Ботаничка градина во Софија, во која пред осум години беше снимен и дел од
видеото на позната баладата на пејачка „Всичко давам да си тук“.
No comments