Ексклузивно: Емилија подготвува многубројни изненадувања за обожователите
Бугарската пејачка Емилија сними
фотосесија за нејзиниот нов лимитиран календар кој ќе излези во текот на месец декември и ќе биде пуштен во продажба низ цела територија на Р.Бугарија преку дистрибутивната мрежа на фирма Пајнер.
Фотосесијата ја реализира фотографот
Теди Грозданов, кој овој пат успеа да ја долови целата нежност и убавина на Емилија,
а за која се погрижија Цецо Андреев ( шминка), Момчил Спасов (коса) и Антонија Јорданова
(стајлинг).
Имено, покрај многубројните
настапи овој месец, талентираната пејачка одвои време да сними нова песна, која ќе биде придружена со видеоспот и се очекува за неколку дена да излези по телевизија Планета, вооедно најавувајќи го својот нов двоен музички албум кој ќе
излези на CD и DVD пред почетокот на
Новата година.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments