Се подготвува спектакал на годината: Маја Беровиќ го откри датумот за кога е закажан солистичкиот концерт!
Импресивно убава, интригантна и талентирана, Маја Беровиќ е меѓу имињата на естрадата кои смело воведуваат иновативен дух во современата музика на Балканот, но и пошироко. За кратко време стана ценета и барана, вооедно редејќи хит зад хит.
Имено, познатата пејачка која ова лето повторно рушеше рекорди со продажба, но и гледаност на YouTube со својот нов албум „Седум“ како претходната година со албумот „Viktorijina tajna“, конечно потврди дека ќе го одржи својот прв солистички концерт.
Минатата година во екслузивното интервју кое ни го даде нас, како македонски медиум најави дека размислува да направи солистички концерт:
„Секако дека размислувам за тоа и ќе биде, можеби следната година или после новото цеде, али за тоа, чекор по чекор. Ќе бидете навреме известени“.
Датата за големиот настан е закажана за 2 ноември 2018 година во Stark Arena во Белград-Србија, за кој веќе течат последните подготовки сврзани околу кореографијата, па се до кои песни ќе има можност публиката да ги слушни, а со сигурност нема да помини без нејзините големи хитови и од почетокот на нејзината кариера како песните „Dzin i limunada“, „Crno zlato“, или баладата која никој не го остава рамнодушен и ден денес кога ќе ја слушни, а тоа е „Djevojacko prezime“.
Автор - Наташа Секуловска
Фото -Лична архива
No comments