(Видео) Десислава за прв пат во улога на режисер
Откако минатата година и беше една од најуспешните досега
во нејзината кариера обележена со хитовите како „Гледай да не бъркаш“ и „Ангелите
плачат“ (дует со Джордан), бугарската пејачка Десислава е готова со чисто
нов проект, после дуетот со нејзиниот колега Джордан - „Дали ще те оставя“ кој
излезе во јануари оваа година.
Имено, познатата бугарска пејачка се повлече од музичката
сцена поради раѓањето на своето второ дете во месец декември минатата година, а
деновиве се врати на сцената посилна од секогаш, претставувајќи го својот најнов
музички проект „Много съм добра”.
Песната со самата премиера предизвика интерес кај
публиката која со нетрпение ја очекуваше цели девет месеци, регистрирајќи над 500.000 прегледи за само два
дена во официјалниот канал на телевизија Планета -PlanetaOfficial во YouTube.
„Много съм добра“ е и првиот видеоспот режисиран од
страна на Десислава, која имаше свој удел и во создавањето на музиката заедно
со композиторот Даниел Ганев, додека пак
за текстот се погрижи Мариета Ангелова.
Фото - Планета Тв
No comments