Цветелина Јанева подаде рака на млад талент
Цветелина Јанева после
хитовите „Честито“ и „Маракеш“, одлучи да ја изненади публиката со нов дует.
Песната „Грешка беше“ е во
дует со новото пополнување во редиците на музичката компанија Пајнер во соседна
Бугарија – Денис Теофиков. Младиот талент е познат по
учеството во неколку музички натпревари, но и по големиот талент кој го поседува. Тој е од
Софија и е на 18 години, а од пред неколку месеци е дел од големото
музичко семејство на оваа компанија.
Музиката и аранжманот на
песната се дело на Diamond Beat Production, додека пак за текстот се погрижија
Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Режисер на мини- филмот е Николај
Нанков, а оператор Георги Марков.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments