Header Ads

Глорија: Љубовта секогаш победува


Големата бугарска пејачка Глорија или како што многумина ја нарекуваат Дивата на попфолкот, покрај подготовката на новиот музички албум кој се очекува да излезе наскоро ги изненади обожователите и со нова балада  “Любовта настоява”.

Секогаш си замислував дека таа песна треба да ја снимам во Париз. Ја измислив мелодијата буквално за неколку минути, а  на Калин Димитров многу му се допадна и  направи еден преубав аранжман. Лудо сум вљубена во текстот, кој го создадовме заедно со Мариета Ангелова. Едноставно љубовта инсистира и победува секогаш“ – сподели Глорија пред телевизија Планета.
Видеоспотот е снимен во Париз – Градот на љубовта, а снимањето се одвиваше кон крајот на месец септември. Режисер на видеото е Ивајло Спасов, со оператори Радослав Георгиев и д-р Хари Јанакиев.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.