Нелина: „Се враќа интересот на младите кон народната музика“
Бугарската пејачка Нелина, позната како „Жената-глас“,
зад себе со повеќе од 20 годишна музичка кариера, многубројни песни, албуми и
награди, беше специјална гостинка во емисијата „Автограф“ по телевизија
Планета.
Покрај плановите дека подготвува нови музички проекти, таа сподели интересни
моменти од своето патување до Тајланд, каде што со пријатели го прослави својот
роденден.
“Си поминав одлично, не само затоа што бев на одлична
дестинација Тајланд, поточно на остров Краби, туку пред се од одличното женско
друштво. За прв пат роденденот го прославив во странство и можам да кажам дека
беше најнеобичниот, егозитичен, нетрадиоционален роденден во мојот живот. Се
надевам животот во иднина да ми подарува вакви само убави моменти“ .
Исто така таа, во интервјуто кое ни го даде нас ексклузивно за прв пат како на македонски медиум, сподели дали има враќање на интересот на младите кон
народната музика и зошто повеќе не се купуваат албуми како порано.
„Како што сите знаеме, сѐ е во интернетот. Не е она што
беше во 90-те години кога еден албум се издаваше во илјадници примероци. Сега
работите се други. Во денешно време, да не кажувам веќе албумите се иживеано
нешто, но сепак се и нешто кое е исклучиво важно за вистинските ценители.
Нажалост, така е само во Бугарија, затоа што во целиот свет албумите се
продаваат и тоа за многу добри цени. Знаеме дека на запад, ако луѓето издадат
само еден хит или еден албум, од продажбата можат да си живеат цел живот, а кај
нас не е така и нажалост не сме во тој правец. Мислам дека тоа враќање кон
народната музика е од пред 5, 6 години што страшно многу ме радува и озбилно
заживеа интересот кон народната музика. Факт е дека како што се вели луѓето
сега имаат поголеми можности за разлика од порано, кога само одеа доцна ноќе по
дискотеки, а во денешно време сакаат да одат и народни ора и тоа станува се
популарно т.е нема граници и не може да се каже дека нешто е иживеано или е „де
моде“, напротив сите го оценуваат,особено во странство, каде што работите таму
си ја наоѓаат својата вистинска вредност, имено таму повеќе се цени бугарскииот
фолкор, бугарските ора и слично. Мои познати кои живеат таму децата ги носат на
играорна, а овде никој од тие што ги знам не ги носат, освен некои додека им се
мали децата. Како што кога едно време бевме ние мали и бабите не водеа на
игранки, каде што се пееше народна музика. И така мислам дека денешниве баби се
многу помлади, работат и ги немаат тие можности. Но, сепак има баби кои
ги водат со задоволство нивните внуци на играорни, на народно пеење, на
фестивали кои се организираат низ целата страна и сведок сум како децата
од најмала возраст од 2-3 години, на „Рожен“ на пример идат облечени во народни
носии, танцуваат и ги знаат песните. Тоа е најважното, од почеток да се опружни
со народната музика и дека тоа е начинот на кој што може да се пренесе нашата
традиција низ генерациите“.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
Много прекрасена изпълнителка Нелина
ReplyDelete