(Видео) Сања Ристеска посвети песна на сите Македонци
Сања Ристеска, после враќањето од турнејата во Америка
интензивно започна да работи на нови музички проекти.
Откако во декември минатата година излезе нејзиниот прв
музички албум „Ќе те полудам“ кој беше одлично примен од страна на македонската
публика, но и кај нашинците во странство,
таа покрај многубројните настапи и неверојатната турнеја во Америка, подготви
нешто извонредно за вистинските ценители на македонската музика.
Станува збор за песната „Македонијо не те даваме“ која е во соработка
со ИН ТВ, а како автор на музичкото
парче се потпишува композиторот Гоце Костоски – Пејак и се надева дека ќе го
најде својот пат до публиката.
„Песната е посветена за сите Македонци во нашата држава, но
и за оние кои се наоѓаат далеку од својата татковина. Се одлучив на ваков смел чекор
бидејќи кога правам нова песна, одам кон тоа да внесам „живост“ на македонската
сцена. Планирам да и снимам наскоро и спот, кој најдобро ќе ја долови нејзината
суштина.“ – сподели Сања за нас.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments