Header Ads

(Видео) Без конкуренција! Саша Ковачевиќ со нов хит „Bez tebe me nema“!


Еден од најпосакуваните српски пејачи, Саша Ковачевиќ вчера го претстави својот прв сингл за оваа година. Музичкото парче Bez tebe me nemaе дело на пејачот и неговиот брат Раде Ковачевиќ, додека пак текстот кој не го остави никој рамнодушен го напиша Бане Опачиќ.

Видеото кое е мини филм, предизвика лавина од позитивни коментари низ социјалните мрежи  е снимено во филмското студио во соседна Бугарија, од страна на режисерот Мартин Макариев, а во него глуми бугарката Дилјана Попова.
За помалку од 24 часа од премиерата на песната, во официјалниот канал на Саша се радува на огромна посетеност со над 800.000 прегледи, позиционирајќи се на моментално на петто место по популарност.
Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.