Header Ads

(Видео) Јаница повторно изненади со нов хит! Погледнете го „Двойно влюбен”


Бугарската пејачка Јаница, после дуетот „Главната“ кој го запиша со нејзината колешка Кристиана, покрај многубројните настапи низ Бугарија, успеа да најде време и да ја израдува публиката со нов музички проект.

Песната „Двойно влюбен” вчера беше официјално промовирана по телевизија Планета и во официјалниот канал на телевизијата во YouTube - PlanetaOfficial. Музиката и аранжаманот на динамичното музичко парче, кое веќе полека го открива патот до својата публика, е на композиторото Даниел Ганев, додека пак текстот е соработка помеѓу Анастасија Мавродиева и Росен Димиторов. Видеото кое и овој пат е нешто поразлично од се што досега сме имале можност да видиме од сексапилната пејачка е дело на режисерот Георги Марков.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Георги Малев

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.