(Фото) Анелија со спектакуларен мини-концерт го претстави својот нов албум „Дай ми още”
Анелија на 15 март во “Payner Club” во Софија, со
мини-концерт го претстави својот нов музички албум, кој го носи насловот “Дай
ми още” по нејзиниот најголем хит од 2016-та година.
До моментот песната во YouTube каналот –
PlanetaOfficial на телевизија Планета има над 21 милион прегледи, а во албумот
е вклучена и турската верзија на песната „Unutamam” која и донесе две награди оваа
година од Турција и тоа за „Најсакана попфолк пејачка во Турција“ и за
„Најслушана песна“.
Дуетни партнери на Анелија во овој деветти
албум се нејзините колеги Галин, Миро,
Илијан и Kyriacos Georgiou, а песната „Колеги“ е трио со Илијан и DJ
Живко Микс. Во него е вклучена и „Моят
мъж” која ја запиша со оркестар Кристали. Покрај овие добро познати песни, во
албумот ќе ги откриете и две чисто нови песни - „Зоопарк“ и „Тук ли си“, a „Зоопарк“
веќе се здоби и со видеоспот, кој може да го гледате во YouTube каналот – PlanetaOfficial и во ефирот на телевизија Планета.
Специјално за промоцијата песните добија нови аранжмани, а на сцената ја придружува музичарите од Дани Милев Бенд, кои направија концертот да
биде спектакуларен и незаборавен. На настанот ја уважија и многу нејзини
колеги, меѓукои Преслава, Константин, Дамјан Попов, Лазар, како и
преставници од Турската амбасада во Бугарија.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments