Ексклузивно: Елена Јовческа сними нова песна „Македонци не има сегде“
Нашата позната пејачка Елена Јовческа, смело започна да воведува
иновативен дух во народната музика, но и во попфолкот.
На естрадата е повеќе од седум години и стана една од
најпознатите македонски пејачки, со многубројни турнеи зад себе, од која последната
и беше во Канада во јануари оваа година
за време на Божиќните и Новогодишните празници, а после тоа веднаш замина за
Швајцарија каде што одржа два феноменални концерти на 2- ри фебруари и на 3 –ти
март, додека пак на 18 -ти фебруари беше специјална гостинка во Италија, а
картите за концертите веќе беа одамна распродадени и секогаш се бараше карта
повеќе, за што сведочат многубројни видеа и слики низ социјалните мрежи. Mакедонската публиката повторно го покажа силниот темперамент и почитта кон
македонските изведувачи, веселејќи се цела вечер и пеејќи заедно со неа, сѐ до
раните утрински часови.
Елена има издадено четири музички албуми, а го подготвува
и својот петти музички албум, за кој верува дека ќе им се допадне на нејзините
обожователи, а есклузивно ви откриваме дека ќе биде со чисто нови песни кои ќе
бидат претставени наскоро, а една од нив е веќе е готова и ќе го носи насловот
„Македонци не има сегде“, а музиката и текстот за неа се нејзини, а премиерата
очекувајте ја многу кратко време.
Покрај народните песни, таа најде време да сними и кавар
на позната српска песна „O, dali znas“ на емблемата на српската музика Драгана
Мирковиќ, за која собра суперлативи за неверојатното исполнување на песната, а во моментов покрај многубројните настапи, подготвува
и уште други три кавари.
„Оние кои биле на моите настапи знаат дека пеам секаков
вид на музика, не само народно, меѓутоа поради моите народни инструменти и
носијата, на мојата публика и е полесно да ме препознава така. Мислам дека
младите, а и јас слушаме тоа што ни е убаво. Ако некој смета дека треба да се
слуша некоја музика, мислам дека не можиме да го промениме тоа мислење...затоа
и пеам се на моите настапи за сите да сме задоволни “. – сподели пејачката за
нас.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments