(Интервју) Джордан: „Подршката на публиката е најважна за развитокот на кариерата на еден изведувач“
Едно од најновите пополнувања во каталогот на музичка
компанија "Пайнер" е Джордан, кој за прв пат ексклузивно за нас даде
интервју за македонски медиум. Без сомневање младиот изведувач полека, но
сигурно ги освојува срцата на публиката градејќи зад себе успешна кариера,
пред сѐ со својот талент кој многупати е признаван од негови колеги, но и од
страна на публиката. Неговата боја на глас е доста мелодична и му го дава
епитетот на „најромантичниот глас во Бугарија“ и неколку дена ја доби и
наградата за дует на годината за баладата „Ангелите плачат“ која ја запиша во
дует со неговата колешка ДесиСлава. Во интервјуто кое ни го даде, ќе научите многу интересни факти за него, како и тоа дали подготвува нов музички албум.
Джордан, прво да ти се заблагодарам што ја прифати
поканата да бидеш мој гостин. Тоа ли е твоето прво интервју за македонски сајт?
Да, тоа е моето прво интервју за македонски сајт. Ви
благодарам за поканата и за интересот кон мене.
На сцената си веќе 11 години. Ќе ни откриеш зошто реши
да се занимаваш со оваа професија?
Со музика се занимавам од многу рана детска возраст,
колку и клиширано да звучи тоа. Во моето семејство има многу музичари. Јас
едноставно сум „задоен“ уште од рана возраст со бугарската народна музика и
затоа прво и започнав да пеам народни песни. Татко ми е исто така музичар,
свири на хармоника и на клавир и нашиот дом секогаш беше исполнет со музика, па го наследив талентот од татко ми.
Музиката секогаш ме привлекуваше и ме привлекува и таа го движи мојот живот, е нешто што ме прави навистина среќен и се
радувам што имам можност да работам работа која ми носи задоволство.
Ја напушти „Ара мюзик“ и во текот на 2015-та година
потпиша со најголемата музичка компанија во Бугарија „Пайнер”. Што беше
одлучувачко за да направиш таков голем чекор во твојата кариера?
Јас секогаш го сакав најдоброто за себе си и логично беше
да побарам соработка од страна на најголемата музичка компанија во Бугарија,
бидејќи сметам дека таа им дава можност на изведувачите да го развијат својот потенцијал
и сум среќен што и јас ја имам таа шанса.
Со секој изминат ден, твоите песни се повеќе собират
популарност не само во Бугарија, но и во
Македонија и низ целиот Балкан. Што ќе кажеш за тој факт?
Можам да кажам дека тој факт ме радува многу и сум
благодарен на луѓето на кои им се допаѓа мојата работа. Се радувам што со моите
песни успевам да допрам до нивните срца и да ги натерам да се радуваат и да ги
слушат моите песни.
Се докажа дека баладите ти лежат одлично. Имено, дуетот
со твојата колешка ДесиСлава „Ангелите плачат“ излезе пред извесно време, а
твоите обожователи не ги штедеа своите коментари дека е супер и доби дури и награда
за „Балада на годината“ од музичкиот сајт Signal.bg. Задоволен ли си од
неговиот успех?
Прво, сакам да кажам дека за мене е голема чест и
задоволство што имав можност да соработувам со ДесиСлава. Отсекогаш сум се
восхитувал на нејзиниот глас и талент и сум среќен што дојде моментот во
кој имав можност да направам не еден, а два дуети со неа. Што се однесува до
песната „Ангелите плачат“ многу се радувам што успеавме да претставиме на
публиката песна која е со баладичен карактер и покрај тоа успеа да остави убав
впечаток кај нашите обожователи. Горд сум со таа песна и ја поставувам во
првите места во моите музички топ листи во целата моја музичка кариера во
моментов.
Да очекуваме ли во иднина повеќе такви песни од тебе?
Се разбира, јас секогаш сум имал привлекување кон баладичните
песни и сметам дека добро исполнувам таков тип на песни. Се радувам дека луѓето
обрнуваат повеќе внимание на нив и во иднина очекувајте разни
музички проекти од мене како брзи, така и бавни.
На почетокот на оваа година го пушти твојот втор дует со
ДесиСлава „Дали ще те оставя“ кој се
радува на се поголема популарност со секој изминат момент. Но, спотот на таа
песна е нешто поразлично од она кое некогаш си го претставил. Со која екипа
работеше овој пат?
Соработувавме со композиторот Даниел Ганев и овој пат и со
Петја Радева, додека пак видеореализацијата е на Љуси – Људмил Иларионов. Во
однос на видеоспотот, да тој е поразличен и решивме таа песна да ја претставиме
точно на тој начин. Прво поради една голема причина, а тоа беше напредната
бременост на ДесиСлава и неможноста да учествува во спотот. Сметавме дека
поинтересно и подобро ќе биди да ангажираме лица кои ќе ги играат улогите во
спотот. Очигледно е дека тоа им се допадна на луѓето и мислам дека настана
интересен проект. Песната се слуша многу низ дискотеките и луѓето си ја пеат
на моите настап и тоа може само да ме радува многу.
Во твојата кариера имаш два музички албуми, но каде си со
подготовката со твојот трет?
Со нетрпение го очекувам и јас тој момент, бидејќи тоа ќе
ми биде и првиот албум кој ќе биде издаден со најголемата музичка компанија во
Бугарија, се имат направено доста песни до моментов и не сакам да се
ограничувам со рокови, бидејќи сакам да ги испитам убаво сите детали и живот и
здравје се надевам во најбрзо време да го претставам.
Имаш ли планови со кои автори ќе соработуваш и какви
музички проекти ќе ни ги претставиш оваа година?
Нормално е како и секој еден изведувач да ги имам своите
планови кои сакам да ги исполнам во времето, исто така имам планирано и
неколку проекти за оваа година, едниот веќе го реализирав за него пред малку
зборуваме, тој е со ДесиСлава за песната
„Дали ще те оставя“, живот и здравје ми
претстои да пуштам самостојна песна оваа пролет и имам подготено уште неколку
песни до крајот на оваа година. Обожователите може да очекуваат изненадувања
од моја страна, едноставно подготвувам доста интересни работи, но се со
времето.
Полесно ли е за еден маж да успее во овој жанр, затоа што
пејачите се помалкубројни за разлика од пејачките?
Да, пејачите се помалку од пејачките и до пред неколку
години и интересот кон нив не беше толку голем. За наша голема радост таа
тенденција се променува и интересот кон машката половина доста се засилува
последните години. Јас не можам да се пожалам од невнимание од страна на
публиката, се радувам на успешна кариера и се надевам да станувам уште
поуспешен во иднина.
Како се создава успешна кариера толку многу години? Каква
е цената на успехот според тебе?
Тајната според мене и најважното нешто според мене е да
ги освоиш срцата на публиката, но и нивната подршка е од големо значење за
развитокот на еден изведувач. Точно таму се крие можеби успехот на секој
изведувач и благодарение на публиката мојата кариера ми е успешна толку време.
За цената на славата е тоа дека таа си има свои минуси и плусови, но се
навикнав да се носам со неа и таа не ми пречи.
Накрај, ти благодарам за оделеното време, со желби за се
најубаво и уште поголеми успеси. Што ќе им посакаш на читателите на Estrada
World?
Многу благодарам за оделеното внимание и им посакувам на
сите читатели да бидат пред се живи и здрави, да слушат убава музика и да ги
подржуваат секогаш нивните омилени изведувачи.
Интервју: Наташа Секуловска
No comments