Header Ads

Зимска приказна во новиот видеоспот „Си одам“ на Татијана Стефановска


Нашата позната музичка попфолк ѕвезда Татијана Стефановска ги израдува своите обожователи со видеоспот кон преубавата балада „Си одам“, која беше вклучена во последниот и музички албум „Дарој свадбарски“ кој излезе во фебруари мината година и веднаш ги освои симпатиите на публиката.

“Си одам“ е по музика и аранжман на Дејан Момироски, а текстот е напишан од Борче Нечовски. Видеото кое е дело на продукцијата ИН ТВ, овој пат се снимаше на повеќе локации низ Битола и е во храмонија со сезоната – во него ќе уживате во прекрасни кадри од снег, снимени во Националниот парк Пелистер, но и во одличниот изглед на пејачката, која  и покрај многубројните обврски, најави и две пократки турнеи надвор од нашата земја.
Во прилог, погледнете го видеото:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Татијана Стефановска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.