(Фото) Со огромен успех заврши американската музичка турнеја на Сања Ристеска и нејзините колеги
Импресивно убава, интригантна и талентирана, Сања
Ристеска е меѓу имињата на македонската естрада кои смело
воведуваат иновативен дух во народната музика и попфолкот. За кратко време
стана ценета и барана, вооедно редејќи хит зад хит.
Таа се врати од својата турнеја во Америка, каде што беше
заедно со нејзините колеги Наум Петрески, Благоја Грујовски, Митко Бежановски и Илија Тотовски-Тота.
Таму направија одлични концерти со
преполни сали, а картите веќе беа одамна распродадени и секогаш се бараше карта
повеќе за нивните настапи, за што сведочат многубројни видеа и слики низ
социјалните мрежи. Публиката повторно го покажа силниот темперамент и почитта
кон македонските изведувачи, веселејќи се цела вечер и пеејќи заедно со нив, сѐ
до раните утрински часови.
„Благодарам на сите кои присуствуваа на нашите концерти
во САД. За мене беше чест да пејам заедно со моите колеги Наум Петрески,
Благоја Грујовски и Митко Бежановски. Се надевам дека повторно ќе им гостуваме
и идната година, затоа што секогаш кога ќе заминам на турнеја, од неа се враќам
со позитивни впечатоци, пренесувајќи ја македонската музика насекаде низ
светот“. – сподели Сања екслузивно за нас.
Една од најбараните нејзини песни на турнејата беше
авторската народна песна „Марио внуче најмило“ која е по музика и текст
на Орце Стефкоски, со аранжманот на Гоце Пајак, а е посветена на
нејзиното внуче.Во слободното време од турнејата, Сања не пропушти да ги
посети најубавите и најпознати туристички места низ Америка каде што
престојуваше, посебно уживајќи на Флорида на долгите песочни плажи и тренирајќи
во фитнес салите.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - www.javisejuzna.mk/ Лична архива
No comments