Header Ads

(Видео) Джена ги освојува музичките топ листи со песната „Диагноза - ти“


Бугарската ѕвезда Джена пред три дена во официјалниот YouTube канал на телевизија „Планета“ – PlanetaOfficial го претстави својот прв сингл „Диагноза –ти“ за новата година, за кој сподели дека го подготвувала цели четири месеци.

Со самата појава, музичкото парче ги освои симпатиите на публиката, пред се  со силниот текст, но и со интересниот видеоспот, кој е досега нешто поразлично од се што пејачката има претставено за овие 11 години на музичката сцена, а во него учествуваат и над 10 статисти.
Песната е по музика на композиторот Велислав Драганински, додека пак текстот е на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Режисер на видеото е Георги Марков, а за време на неговото снимање Джена сними и фотосесија со фотографот Викторија Сиракова, во која имаме можност да ја видиме во одлична фигура, но и со изменет стајлинг, дело на стилистот Стојан Апостолов.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Викторија Сиракова

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.