(Интервју) Сања Ристеска: Кога правам нова песна, одам кон тоа да внесам „живост“ на македонската сцена!
Сања Ристеска е една од имињата на македонската естрада кои
смело воведуваат иновативен дух во современиот попфолк. За кратко време стана
ценета и барана кај нашинците во странство, вооедно редејќи хит зад хит, од кој
последниот „Ќе те полудам“, го даде
насловот на нејзиниот прв музички албум кој излезе во декември минатата
година. Од екслузивното интервју кое ни го даде за
нас, ќе може да научите голем број информации сврзани со почетокот
на нејзината музичка кариера, како и околу нејзините музички планови за оваа
година.
Со години ја градиш својата
успешна кариера, без некои посебни скандали. Според тебе, кој е рецептот за да
бидеш успешен во попфолкот денес?
Според мене, не постои
рецепт за успешност. Успешната кариера не се гради преку ноќ и врз основа на
скандали, скандалот е минлив. Успешноста се состои во огромна посветеност,
дисциплина и се разбира работа, работа и само работа.
На почетокот кога ја започна
твојата музичка кариера беше актуелна со песната „Нека биде пола, пола“, но
стана доста позната со песната „Баш ме заболе“. Какви впечатоци имаш од тој
период на кариерата?
Тој период ќе го поделам на
две ери. Првата ера, ќе ја насловам како почетна, која на моја среќа како
почетник беше доста поволна, но втората ера беше моја отскочна даска, која
отсликува доста успешен период и тој период се уште трае и само се надополнува.
Неодамна излезе и
видеоспотот за твојата најнова песна „Ќе
те полудам“ која предизвика лавина од позитивни коментари и каде што имавме
прилика да те видиме и со изменет стајлинг. Како се роди идејата за неа и дали
си задоволна од нејзиниот успех?
Бев водена од идејата да
внесам „живост“, на музичката сцена, нешто поразлично, не повторливо и немонотоно...оттука произлезе СЕ! И кога ќе се спојат, идејата и реализацијата,
успехот е неизбежен.
Да очекуваме ли наскоро ново
попфолк парче од тебе?
За ова прашање, ќе го
искористам правото на воздржаност, не сакам да откривам пред време.
Што е најважно за тебе, кога
избираш нова музика или текст за идниот проект?
Пребирлива сум, при избор и
не сум баш лесна за соработка... перфекциониста сум, сакам
беспрекорност, сакам убав ритам, лесен и певлив текст, да биде прифатлив за широкиот аудиториум.
Народната песната „Марио,
внуче сакано“ ја посвети на твојот внук. Раскажи ни нешто повеќе за неа.
Да „Марио внуче сакано“ е посветена на мојот внук, по име Марио. Таа
желба се роди уште со неговото раѓање. Имав желба да му подарам нешто „ВЕЧНО“, нешто поразлично и нешто што
ќе го памети и ќе му остане засекогаш. И секако, ќе го гаи мојот спомен.
Има ли песна која ти е
најомилена, едноставно си ја преживеала и те прави да си емоционална секој пат
кога ја исполнуваш?
Сите песни си раскажуваат
своја приказна, со која повеќе или помалку сум поврзана...и затоа не можам да
издвојам, ниту една.
Оваа година ќе имаме ли
прилика да го слушниме твојот прв музички албум?
Да, албумот е веќе издаден,
насловен е „Ќе те полудам“ и е во
соработка со „Senator music“ од Битола и е
пуштен во продажба, кој за многу кратко време, ги надмина моите очекувања.
Баладите не се многу
присутни на музичката македонска естрада, но дали ете ти би снимила таква
песна?
Немам ништо против баладите,
напротив имам доста понуди од најразлични автори и во размислување сум за
балада, можеби ќе ве изненадам.
Дуетот кон народната песна „Сестра“ го направи со твојата колешка Елена Јовческа. Задоволни ли сте од
успехот кој го постигна кај нас, но и кај нашинците во странство?
Да, дуетската песна е во
соработка со мојата драга колешка Елена Јовческа, а воедно и нејзина авторска
песна, задоволни сме од интересот за песната, добро котира кај нас, а уште
подобро, во дијаспората.
Ти си една од пејачките на
нашата естрада која е често канета на турнеи кај нашите во дијаспората било да
е Европа, Канада, Америка. Австралија…. Кои песни надвор од Македонија, на
твоите настапи се најбарани кај публиката?
Можеби ќе звучам нарцисуидно
и вообразено, но имам доста понуди за турнеи и настапи во дијаспората, а нашите
во дијаспората се многу добра и верна публика, кои ја негуваат македонската
изворна песна.
Неодамна се врати од
турнејата во Америка, каде што беше заедно со твоите колеги Наум Петрески,
Благоја Грујовски, Митко Бежановски и Илија Тотовски-Тота. Колку концерти изнесовте
таму?
Турнејата во Америка помина
доста успешно, имавме доста концерти, во период од два месеци.
Имаш ли покана за гостување
повторно во странство оваа година?
Како што спомнав и
претходно, аналогно на тоа само ќе се надоврзам, понудите за странство, растат
и растат, се повеќе, и повеќе...
Тешко ли е да се опстане на
македонската музичка сцена, каде што немаме толку многу развиена музичка
продукција, како што имаат нашите соседни држави?
Опстанокот е тежок да, но
кога се сака, се се може, оној кој што има цел, ќе го пронајде и патот.
Кои се предностите, а кои се
слабостите според тебе кога си јавна личност?
Секоја јавна професија има
свои негативни страни (слабости), па како негативност би ја издвоила,
нарушената приватност. Но, предност...предност е да си јавна личност....
нели?(Се смее).
Кога станува збор за твоите
колеги, никогаш си немала конфликт со некои од нив, но тие честопати меѓусебно се оспоруваат. Дали е тешко да се
биде измеѓу два огнови?
Моето мото е „Секогаш биди
свој, изрази се, имај верба во себе, и не лутај наоколу, не барај успешни, и не
ги копирај“...и токму поради ова не сум се нашла измеѓу два огнови.
Интервју: Наташа Секуловска
Фото: Лична архива - Сања Ристеска
No comments