Ексклузивно: После четири години Анелија е готова со својот нов албум „Дай ми още“
После четири години, бугарската ѕвезда Анелија е готова
со својот деветти албум во својата музичка кариера, кој ќе се појави во текот
на месец март.
Во него ќе бидат собрани најдобрите песни на
талентираната пејачка од појавата на претходниот и албум „Феноменална“ во текот
на 2014-та година, меѓукои и песните „Мило мое“, „С тебе ми е най", „Кажи
ми“, „Гот ми е“ и многу други, но нејзиниот тотален хит „Дай ми още“ кој се
појави во крајот на декември 2016-та година и стана меѓународна сензација освојувајќи ги сите музички топ листи, го даде насловот на новиот и албум
сосема заслужено.
Парчето кое доби и своја турска верзија „Unutamam“, беше
снимено во познатиот турски дворец „Чиран“ и во моментов се радува на огромна
посетеност и во официјалниот канал на телевизија Планета во Youtube – Planeta Official
со над 22.000.000 прегледи.
Во музичкиот албум, покрај хитовите кои им се добро познати на
публиката, ќе има и нови песни, од кои веќе едната се има здобиено со
видеоспот, кој ќе се појави во ефирот на Планета Тв до броени денови.
Специјално за потребите на албумот, таа сними и нова фотосесија во крајот
на 2017-та година. Кадрите се исклучиво
„жешки“, истакнувајќи ја сексапилната пејачка во типичниот за неа стил, црно -
белиот дизајн.
Фото - Теди Грозданов
No comments