Header Ads

Подгответе се за неверојатно шоу!Драгана Мирковиќ најави феноменален концерт за 16-ти декември!

Неверојатно шоу ги очекува сите обожаватели на српската музика во Бугарија. Една од најомилените и најпопуларните српски пејачки - Драгана Мирковиќ, ќе одржи спектакуларен концерт на 16 декември (петок) во Софија, сала "Арена Армеец". Балканската легендата ќе ги израдува предновогодишно сите свои бугарски фанови, но и сите останати со феноменално BEST OF шоу, вклучувајќи ги најголемите хитови на ѕвездата од почетокот на кариерата се до днес.Почетокот е 20 часот, а билети може да се најдат во мрежата на Eventim.

Оваа година, после хитовите "Lepi moj" и "Zasto me trazis", пејачката објави дека ќе ги израдува своите многубројните фанови и со уште три нови спотови кон сосема нови песни кои ќе бидат вклучени во нејзиниот најнов музички албум.Со кои автори работеше Драгана овој пат, останува да видиме до премиерата на песните која е закажана за неколку дена, но нема сомневање дека албумот ќе биде вистински погодок за љубителите на попфолкот.

Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.