Со спектакуларен концерт Планета Тв ја прослави својата петнаесетгодишнина!
Вистински празник направија ѕвездите на телевизија
"Планета" и многубројната
публика во најголемата сала "Арена
Армеец" во Софија. Поводот беше
15-тиот роденден на телевизија "Планета", а концертот трае точно три и пол часа.
Концертот започна со
тоталниот хит на летото, "Пей, сърце", а Цветелина Јанева и
Галена присуствуваа на еден
изненадувачки начин на сцената. Имено
тие се појавија како холографски слики и предизвикаа бурни реакции во салата.
После
нив, пејачката на бугарскиот народ како што ја нарекуваат бугарската дива Ивана
ги исполни едни од своите најголеми хитови од нејзината музичка кариера , а излезе
на сцената со своите музичари, кои се приклучија на "Дани Милев
бенд".
Јаница исто така успеа да ги импресионира фановите, а нејзиниот тим
ја беше преобразил во египетска божица, а целата сала пееше во еден глас на
хитовите “В пет ми звънни” и “Хубаво го запомни”.
Триумфално беше враќањето на музичката сцена на Емилија, која блескаше од среќа
од средбата со фановите. "California" ft. Цеци Луда Глава и "Специално
за всяка" беа хитовите кои ги претстави Емилија за време на "15
години телевизија Планета".
Константин, Емануела, Кали, Андреас, Џулија, Соња Немска,Роксана, Милко Каладџиев, Татјана, Рајна... се претставија одлично,
исполнувајќи ги своите нови песни, додека пак Нелина ја испеа својата најнова балада "От щастието най-боли" со
многу емоции и присутните повторно имаа можност да уживаат во нејзиниот
прекрасен глас. Како и секогаш оригинална и со специјална кореографија, Малина ја исполни сцената со своето присуство. А,
нејзиниот избор за музички поздрав кон присутните застана на баладата “Не те
забравям” и “Давай, питай”. Специјално од соседна Грција беше дојде
грчкиот пејач Стан, кој ја исполни својата дуетна песна „Страдам“ со неговата
колешка Марија.
Десислава, Фики, Галин, Анелија, Цветелина Јанева, Глорија и нејзината ќерка Симона Загорова
предизвикаа голем интерес пеејќи ги во еден глас со публиката нивните хитови. На крај публиката беше нестрплива да се појави
Преслава , која премиерно ја претстави својата најнова песна "Без теб"
по доста нестандарден и изненадувачки начин. Преслава ја придружуваа цели 20 девојки кои беа како нејзини двојнички, но мистеријата
беше откриена дури на крајот на мелодијата, кога танчерките ги соблекоа нивните
костуми и им ги подарија на фановите.
Следеа хитовите " Няма да
ти пиша" и "На теб не отказвам", кои означија убав крај на спектаклот "15 години Телевизија
Планета".
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments