Header Ads

„Етикет единствена“ на Татјана стана сензација преку ноќ! Погледнете го видеото!

Само за  неколку дена по премиерата во Planeta Official во YouTube - "Етикет единствена" на Татјана предизвика вистинска сензација помеѓу нејзините фанови. Видеото се радува на завиден број прегледи кои до овој момент се повеќе од 400.000, а пејачката е повеќе од задоволна од реакцијата на фановите.

"Кога една песна и интересот за неа зборуваат сами по себе, моите зборови и суперлативи се непотребни. Публиката и фановите ми се оние кои го дадоа својот одговор за тоа дали песната им се допаѓа и дали ќе биде хит " – сподели татјана специјално за нас.
Песната е дело на композиторот Дејан Димитров и по  текст на Тина Денчева. Во новото видео сексапилната пејачка  демонстрира многу стил и убавина, прикажани низ пет различни визии. Во дел од кадрите за видеото беа користени и  специјални ефекти, а тоа е  реализирано од страна на режисерот Николај Скерлев.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Чавдар Димитров

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.