Премиера за "Късно си се сетил" на Тања Боева!
Долгоочекуваниот музички проект на пејачката Тања Боева вчера ја направи својата
официјална премиера во нејзиниот официјален музички канал во YouTube, како и по
Планета Тв и Планета HD. Песната "Късно
си се сетил" ја доживеа премиера на 11.11., со што таа ја израдува публиката со нешто ново и квалитетно
во својот репертоар.
Парчето е по музика на композиторот Даниел Ганев, додека
пак текстот е на Петја Радева. Спотот е дело на режисерот Људомир Иларинов –
Љуси, додека пак оператор е Георги Марков. Спотот се фокусира на имиджови кадри во кои
изведувачката демонстрира неколку оригинални и различни визии. За нив Тања
Боева се довери на својот моден талент,
поддржан од идеите на Радина Николаева Енчева. Шминката е на Никола Иванов, а
косата - на Емилио Стефано.
Премиерно погледнете го спотот:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Тања Боева
No comments