Header Ads

Телевизија „Планета“ подготвува спектакуларен концерт по повод 15-та годишнина!

На  13 ноември пред точно 15 години  за првпат беше пуштена музичката телевизија „Планета Тв“.
Денес, многубројни се обожавателите на медиумот во You Tube, Instagram и Facebook, кои со секој изминат ден стануваат се побројни и со оваа нивна поддршка придонесуваат за успехот на телевизија "Планета" и таа да се одржи лидерска позиција меѓу музичките телевизии во соседна Бугарија.
Официјалниот старт на најомилената музичка телевизија е на 4 декември 2001 година, кој традиционално се одбележува со голем концерт со учество на ѕвездите на телевизија "Планета". Оваа година медиумот ќе го одбележи неговиот роденден со свечен концерт- на 22 ноември во салата "Арена Армеец" во Софија. Билетите може да се најдат во мрежата на eventim.bg.

Тимот на  Estrada World им го честита роденденот со желби за уште поголеми успеси!

Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.